Универзитетска клиника за нефрологија денеска организира настан по повод одбележувањето на Светски ден на бубрегот, со цел подигнување на свеста за здравјето на бубрезите и промоција на превентивни мерки за нивна заштита.
На настанот, според најавата, ќе присуствуваат министерот за здравство Азир Алиу, генералниот директор на Фонд за здравствено осигурување, Сашо Клековски, директорот на Клиниката Никола Ѓорѓиевски, како и националниот координатор за трансплантација Билјана Кузмановска.
Настанот ќе вклучува презентации и дискусии за значењето на раната дијагноза, современите методи за третман на бубрежни заболувања и актуелните достигнувања во областа на трансплантацијата.


