Судски совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата 538-та седница, на која меѓу точките на дневниот ред се констатирање престанок на судиска функција поради исполнување на условите за старосна пензија, како и одлучување за правото на надоместок на трошоци поврзани со вршењето на судиската функција.

На седницата се очекува членовите на Советот да ги разгледаат и усвојат извештаите за констатирана состојба по извршени посети на повеќе судови, како и Извештајот на Комисијата за навременост на пријавите и исполнетост на условите по огласот за избор на судија во Уставен суд на Република Северна Македонија.

Покрај тоа, членовите на Судскиот совет ќе го разгледуваат и дополнението на Годишниот план за јавни набавки за 2026 година, кој се однесува на капитални инвестиции.

На дневен ред е и донесување одлука за формирање комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија или претседател на суд.

Exit mobile version