Граѓаните во Нови Сад палат свеќи за настраданите

 

Граѓаните во Нови Сад палат свеќи за настраданите во несреќата на железничката станица во тој град, каде според последните официјални информации, од уривање на настрешницата загинаа 13 лица, меѓу кои и едно дете.

Граѓаните спонтано почнаа да палат свеќи за тринаесетте загинати во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека спасувачката акција се уште е во тек.

Според министерот за полиција, меѓу жртвите има и шестгодишно дете.

Под урнатините имало и девојка, која била извлечена по повеќе од четири часа. Нешто после 16 часот и 30 минути е извлечено уште едно лице.

Повредените во ЦК на Војводина се во животна опасност. Две жени со обемни, тешки повреди со сомнителен исход сè уште се на операција. Во операциите учествува целиот тим на КЦ Војводина. Идентитетот на повредените се уште не е утврден, изјави управителот на Ургентниот центар, професор д-р Николиќ.

Несреќата се случила нешто пред 12 часот.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека се повредени повеќе од 30 лица. Инаку, под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани. Ден на жалост е прогласен во сабота низ цела Србија, а три дена во Нови Сад.

01.11.2024 - 19:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега