Граѓани од населба Автокоманда повторно на протест, незадоволни се од новиот снабдувач со топлинска енергија

Граѓани од населбата Автокоманда денеска повторно излегоа на улица за да изразат незадоволство од новиот начин на снадбување со топлинска енергија. Негодуваат дека не биле навремено известени за промените на договорите, ниту пак им бил даден избор да одлучат дали сакаат да се греат под новите услови.

Жителите на Автокоманда велат дека немаат греење после 22 часот, а неретко парното наместо во 6 часот им се вклучува во 7 часот наутро.

Ни кажаа во сметките ќе нема разлика нема да има промени, а во затоплувањето има разлики некаде 15 за 22 навечер го исклучуваат греењето и сабајле треба во 6 да го вклучат, тие во 7 ни го пуштаат. Ние имавме средба со ЕСМ ни рекоа Владата така одлучи, па кој е владата ние ја гласаме ова требаше да се направи пред сезона затоа што ние имаме мали деца, имаме стари луѓе да се подготвиме ќе прифатиме некои работи поради светската криза, ама не на ваков начин и во ова време, порача Слободан Павлов.

Додаде дека граѓаните се разочарани и дека не сакаат да ги платат сметките, меѓутоа им било речено дека ќе си го решаваат тоа на суд и смета дека ова за граѓаните претставува еден вид закана и притисок.

-Воопшто и не бевме прашани ни го раскинаа договорот не префрлаат, ниту сме прашани, ниту сме дале согласност, ниту пак знаеме по која цена и по колку часа дневно ќе имаме греење. Нека прашаат кој сака сака, кој не сака едноставо нема да користи парно и нема да има потреба цела година сметка да плаќа за пет часа греење, додаде друг жител на општината.

Рекоа дека Претседателот Стево Пендаровски не ја прифатил поканата за средба и не изразил поддршка.

07.02.2023 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега