Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска оствари прием за Марко Топузовски по освоениот бронзен медал на Светското првенство во Италија

    Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска оствари прием за Марко Топузовски по освоениот бронзен медал на Светското првенство во Италија

    15.10.2026 во 11:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска во својот кабинет го пречека Марко Топузовски, вработен во Општина Кисела Вода, кој неодамна оствари огромен спортски успех освојувајќи го бронзениот медал на Светското првенство во кинеско борење одржано во Италија.

    На приемот присуствуваше и неговиот тренер Страшо Глигоров од спортскиот клуб „7-ми МАЈ ШУИ ЏИАО Скопје“.На средбата се разговараше за предизвиците на големото натпреварување, огромниот вложен труд и спортскиот пат на Топузовски, кој претставува пример за успешно балансирање меѓу професионалните работни обврски и врвниот спорт.

    Општина Кисела Вода континуирано ги охрабрува спортските амбиции на своите граѓани, радувајќи се на секој нивен исчекор кон светскиот врв.

    -Особено ме радува што нашиот Марко е вистински пример за млад, вреден и одговорен човек кој успешно ги усогласува работните обврски во Општина Кисела Вода со спортската кариера. Неговиот успех покажува дека со упорност, добра организација и љубов кон она што го работиме, можеме да стигнеме до врвот. За Општина Кисела Вода е вистинска чест да биде ветер во грб и сопатник во вакви големи спортски приказни. Верувавме во неговиот потенцијал, а неговиот медал денеска е наша заедничка гордост. Горда сум на нашите колеги и сограѓани кои со својата работа, труд и успеси ги претставуваат Општина Кисела Вода и Македонија во најубаво светло. Продолжуваме да создаваме позитивен амбиент за нашите спортисти и заедно да се радуваме на нови победи- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

    Топузовски и тренерот Глигоров се заблагодарија за позитивната клима и мотивот кој го добиваат од Општина Кисела Вода и градоначалничката, најавувајќи уште поинтензивни подготовки за претстојните спортски предизвици.

    Прочитај повеќе

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре

    28.10.2026 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.