На иницијатива на Општината, со цел унапредување на условите во колективните живеалишта, на состанокот присуствуваа и општинските инспекциски служби, како и претседателот на Регулаторната комисија за домување, Никола Затуроски.
Основната цел на оваа средба беше преку отворен дијалог директно да се слушнат потребите, барањата и секојдневните проблеми со кои се соочуваат станарите. Во фокусот на дискусијата беа темите поврзани со редовната проверка и одржување на станбените и заедничките делови од зградите, важноста на противпожарната безбедност и проодноста на евакуациските патишта, како и потребата од брзо реагирање и навремено пријавување на евентуални оштетувања и небезбедни состојби во објектите. Посебен акцент беше ставен и на доследното почитување на законските одредби од Законот за домување, со кои јасно се прецизираат правата и обврските на станарите, управителите и заедниците на сопственици во насока на непречено и безбедно функционирање на станбените објекти.
– Безбедноста во колективното домување и одржувањето на станбените објекти не се прашање на личен избор, туку строга законска обврска. Како локална самоуправа, преземаме проактивен пристап за системско решавање на проблемите во оваа сфера. Преку тесната координација со нашите инспекциски служби и Регулаторната комисија за домување, започнуваме со сеопфатен процес за ставање ред и надминување на сите отворени прашања во оваа сфера. Денеска детално ги мапиравме реалните состојби на терен, а во периодот што следи Општина Кисела Вода ќе преземе конкретни и одлучни чекори кои ќе гарантираат сигурен дом и целосно почитување на регулативите за сите наши жители – изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

