Close Menu
Press24
    Најново

    Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел

    30.10.2026 во 14:02

    Жерновски: Свиркачи до СДСМ јавуваат дека институции, вработени и фирми добиле налог- мора да работат преку Алта банка

    30.10.2026 во 13:48

    Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк

    30.10.2026 во 13:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Полицајци фалсификувале службен извештај за контрола на седум возила, но возачите тврдат дека никој не ги запрел
    • Жерновски: Свиркачи до СДСМ јавуваат дека институции, вработени и фирми добиле налог- мора да работат преку Алта банка
    • Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк
    • Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
    • Николоски: Автопатот Скопје-Блаце директно не поврзува со пристаништето во Бар
    • Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата
    • Подгответе ги чадорите: Од утре дожд
    • Победа на зеленилото над бетонизацијата: Во Бутел отворен новиот мега парк „Бутелска оаза“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Градинката „Кочо Рацин“ добива нов потпорен ѕид – Стариот заменет по 25 години

    Градинката „Кочо Рацин“ добива нов потпорен ѕид – Стариот заменет по 25 години

    04.08.2026 во 11:041 Min Read
    Општина Центар
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар започна со реконструкција на потпорниот ѕид во кругот на градинката „Кочо Рацин“, каде стариот и дотраен ѕид ќе биде заменет со нова армиранобетонска конструкција.

    Новиот ѕид ќе биде долг 37,26 метри, со висина од 3,6 метри, а ќе има и пошироки темели од претходната конструкција, со цел да се обезбеди поголема стабилност и сигурност.

    Од Општината информираат дека постојниот ѕид бил стар околу 25 години и дека изградбата на новиот се реализира според современи стандарди за квалитет и безбедност.

    „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј“, следно е спортската сала во училиштата „Коле Неделковски“ и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов““, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

    Проектот за изградба на новиот потпорен ѕид е вреден 5.992.394 денари, а според најавите треба да биде завршен во рок од еден месец.

    Од Општина Центар велат дека инвестицијата е дел од континуираните активности за подобрување на условите во училиштата и градинките на нејзината територија.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Победа на зеленилото над бетонизацијата: Во Бутел отворен новиот мега парк „Бутелска оаза“

    30.10.2026 во 12:35

    Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело

    30.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.