Град Скопје утре ќе ја разгледува предлог-одлуката за продажба на ФК Вардар

Советот на Град Скопје на утрешната седница треба да расправа за Полугодишниот извештај за извршувањето на Буџетот на Град Скопје за 2021 година и за полугодишните извештаи за работата на градските јавни претпријатија за 2021 година, како и за предлог-одлуката за давање согласност за продажба на акции и управувачки пакет од Друштвото за спортски дејности Фудбалски клуб Вардар АД Скопје.

Во првото полугодие од 2021 година, како што информираат од Град Скопје, вкупните приходи и други приливи, се остварени во износ од 3.153.123.761 милијарди денари, што претставува остварување од 43,7 проценти во однос на планираното, додека остварувањето на приходите и приливите во вкупниот буџет на Град Скопје со вториот квартал од 2021 бележи позитивна динамика на пораст. Споредено со истиот период од 2020 година, остварените приходи и приливи со вториот квартал од 2021 се поголеми за 17,8 проценти.

-Во структурата на приходите на Град Скопје во првата половина на 2021 година најголем удел имаат даночните приходи (42,6%), трансфери и донации (41%), капитални приходи (4,7%), домашно задолжување (7,8%) и неданочни приходи (3,8%), се вели во соопштението од Град Скопје.

Вкупните расходи и други одливи во буџетот на Град Скопје за 2021 година, во првото полугодие се извршени во износ од 2.7 милијарди денари, што претставува извршување од 37,7 проценти од планираното за 2020 година. Споредено со извршувањето на расходите во истиот период од 2020 година, извршените расходи за првото полугодие од 2021 година бележат зголемување од 9,7 отсто/

Зголемувањето е забележано кај Буџет на дотации и Буџет на самофинансирачки активности, додека кај другите буџети има намалување на расходите.

На утрешната седница Советот ќе расправа и за полугодишните извештаи за работата на градските јавни претпријатија за 2021 година.

ЈП „Улици и патишта“ во првата половина од 2021 година бележи вкупни приходи во износ од 158.903.692 денари и вкупни расходи од 130.051.242 денари. Во првата половина од 2021 година ЈП „Улици и патишта“ бележи добивка од 28.852.450 денари.

ЈСП-Скопје во првата половина на 2021 година бележи вкупни приходи во износ од 627.519.000 денари и вкупни расходи од 766.601.000 денари. Во првата половина од 2021 година ЈСП-Скопје бележи загуба од 139.082.000 денари.

ЈП „Градски Паркинг“ во првата половина од 2021 година бележи вкупни приходи во износ од 109.975.798 денари, што е за 27,3 милиони денари повеќе од првата половина на 2020 година. Во првата половина од 2021 година ЈП „Градски паркинг“ бележи вкупни расходи од 98.820.325 денари, што е зголемување за 2,6 милиони денари во однос на првата половина на минатата година. Во првата половина од 2021 година ЈП „Градски паркинг“ бележи добивка од 11.155.473 денари.

ЈП „Паркови и зеленило“ во првата половина од 2021 година бележи вкупни приходи во износ од 273.776.095 денари, што е за 27 милиони денари повеќе од првата половина на 2020 година. Во првата половина од 2021 година ЈП „Паркови и зеленило“ бележи вкупни расходи од 287.201.505 денари, што е зголемување за 42,7 милиони денари во однос на првата половина на минатата година. Во првата половина од 2021 година ЈП „Паркови и зеленило“ бележи загуба од 13.435.410 денари.

ЈП „Лајка“ во првата половина на 2021 година бележи вкупни приходи во износ од 20.114.027 денари и вкупни расходи од 18.964.202 денари. Во првата половина од 2021 година ЈП „Лајка“ бележи добивка од 1.179.825 денари.

ЈП „Водовод и канализација“ во првата половина на 2021 година бележи вкупни приходи во износ од 758.115.898 денари и вкупни расходи од 798.324.883 денари. Во првата половина од 2021 година ЈП „Водовод и канализација“ бележи загуба од 40.208.985 денари.

ЈП „Комунална хигиена“ во првата половина на 2021 година бележи вкупни приходи во износ од 642.887.722 денари и вкупни расходи од 656.664.225 денари. Во првата половина од 2021 година ЈП „комунална хигиена“ бележи загуба од 13.776.503 денари.

Советот на Град Скопје, на утрешната седница, ќе треба да ја разгледа и Предлог-Одлуката за давање согласност за продажба на акции и управувачки пакет од Друштвото за спортски дејности Фудбалски клуб Вардар АД Скопје.

Со оваа одлука, како што информираат, Советот на Град Скопје дава согласност на АД Ракометен клуб Вардар Скопје, како сопственик на 100 обични акции во Друштвото за спортски дејности ФУДБАЛСКИ КЛУБ ВАРДАР АД Скопје, да изврши продажба на акциите кои претставуваат 100 проценти од основната главнина, односно да изврши продажба на акции од 49 проценти од оснoвната главнина и акции од 51 отсто од управувачкиот пакет од основната главнина, на ДГТУ Блу Скај инвестментс ДООЕЛ Скопје, под истите услови и обврски под кои е склучен Договорот за купопродажба на акции, број 07-632/1 од 27.01.2014 година. 

 

22.08.2021 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега