Град Скопје: Полицијата е платена да регулира сообраќај - граѓаните се жртва на МВР кое не си ја врши работата

Градот Скопје реагира на изнесените невистини во соопштението од страна на Министерството за внатрешни работи и уште еднаш бара одговори за денешното исклучување на семафорите од страна на сообраќајната полиција која е под надлежност на МВР и предизвикување на сообраќаен хаос во градот. - се вели во писменото соопштение испратено од Град Скопје доцна вечерва

„Јасни се надлежностите на Градот и на Центарот за управување и контрола на сообраќајот, кој служи исклучиво за мониторинг на сообраќајот во градот. Градот Скопје ниту има надлежност за регулирање на сообраќај, ниту пак има надлежност во регулирање при сообраќајни несреќи. Денешниот ден е доказ дека граѓаните се жртва секогаш кога институциите, а во случајов МВР не си ја вршат својата работа. Град Скопје тоа нема да го дозволи и ќе бара одговори и одговорност.“ - се вели во соопштението на Град Скопје.

Денеска попладне, Градот беше практично блокиран бидејќи сите семафори во централното градско подрачје не работа. На раскрсниците беа распоредени полициски службеници кои излгедаше како дополнително да создаваат метеж. Тие пропуштаа по 2-3 возила од секој правец, пракса која до сега не е видена на скопските улици. Град Скопје побара одговори од МВР зошто се исклученисемафорите на што од кабинетот на Спасовски и одговорија на Градоначалничката Арсовска дека треба да ги научи своите надлежности и дека регулирањето на сообраќајот во градот било надлежност на градската управа.

07.12.2021 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега