Град Скопје најави нов парк во Општина Чаир

Во рамки на програмата „За Модерно Скопје“, Град Скопје најави дека во соработка со Општина Чаир ќе биде изграден нов мега-парк кој ќе се протега на просторот на улица „Македонско Косовска Бригада од крстосницата со улица Втора Македонска Бригада до крстосницата со улица Џон Кенеди.

- Мега-паркот ќе се простира на површина од 30.000 метри квадратни, а ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и тревник. Воедно во паркот се предвидени 2 нови спортски игралишта, нови 2 детски игралишта, 2 паркови површини за миленици, еден фитнес дел, 26 нови летниковци, нови урбана опрема, пешачки патеки и фонтани, информираат од Град Скопје.

Оттаму велат дека програмата „За Модерно Скопје“ ќе биде реализирана во целост за да можат да добијат граѓаните на главниот град нови зелени паркови и површини. 

13.03.2023 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега