Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
    • Мадона го прослави 68. роденден на Крф
    • На полноќ посакајте си желба и погледнете кон небото: Божјите врати се отвораат за да ви ја исполнат
    • Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца
    • Приведен тинејџер, возел четирицикл без возачка дозвола
    • Сиљановска-Давкова: Не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената македонска армиска приказна, оставил трага во нашата воена историја
    • Клековски: Утре детални резултати од контролата на прскањето против комарци
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС, кои не однесоа ниту едно шише вода во Гостивар, заедно со Лимани се дел од локалната власт и имаат заедничка одговорност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гостивар влегува во нова фаза од кризата со водата: Започна хиперхлорирање и испирање на мрежата

    Гостивар влегува во нова фаза од кризата со водата: Започна хиперхлорирање и испирање на мрежата

    23.07.2026 во 19:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Гостивар започна хиперхлорирање на водата и испирање на примарната водоводна мрежа, како дел од мерките за справување со епидемијата поради загадувањето на водоводот, информираш министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски по состанокот на Централниот кризен штаб што се одржа во Гостивар.

    Тој повтори дека новите испитувања на земените мостри потврдиле присуство на штетни материи и загадување, што довело до здравствени проблеми кај неколку илјади гостиварци.

    -Преземени се технички чекори за чистење и испирање. Денес се изврши чистење на каптажата (изворот) и започна испирање на примарната мрежа. Поставен е систем за дополнително хлорирање (хиперхлорирање) на водата на самиот извор (со вредност 0,8), што е во рамки на законски дозволениот максимум и нема негативно да влијае врз здравјето на луѓето, рече Тошковски.

    Тошковски во изјавата по состанокот на кризниот штаб посочи дека во поглед на обезбедување на вода за граѓаните за техничка вода, досега се поставени пунктови на 11 локации, а до крајот на денот ќе има вкупно 13 локации каде што граѓаните ќе можат да земат техничка вода. Во текот на денешниот ден се доставени повеќе од 100.000 литри пакувана вода за пиење (како и вчера) и оцени дека нема недостиг од вода за пиење. Оваа поддршка ќе продолжи и во наредните денови.

    Во поглед на очекувањата за нормализирање на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, Тошковски кажа дека според мерењата на резидуалниот хлор, се очекува до крајот на оваа недела или почетокот на следната да има сигурна техничка вода за употреба од чешмите.

    – Доколку во континуитет добиеме последователни чисти резултати, до крајот на следната недела се очекува целосно нормализирање и враќање на безбедна вода за пиење, рече министерот Тошковски.

    Тој напомена дека кризниот штаб работи на подобрување на состојбата и како што напомена, долгорочно решение.

    – Целта не е само моментално надминување на кризата, туку и воспоставување на стабилен и современ систем за трајна контрола на квалитетот на водата во Општина Гостивар, користејќи ги искуствата и техничките решенија од Скопје.

    Со министерот за внатрешни работи како раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски, во Гостивар беа и неколку претставници на владата, директорот на ДЗС и раководител на Главен штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов и градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани. 

    Прочитај повеќе

    НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје

    18.08.2026 во 23:49

    Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца

    18.08.2026 во 22:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.