Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голема промена во плаќањата: Што ќе значи ISO 20022 за секој граѓанин

    Голема промена во плаќањата: Што ќе значи ISO 20022 за секој граѓанин

    04.08.2026 во 09:522 Mins Read
    Народна Банка
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Народната банка, во соработка со банките и другите учесници во МИПС, во текот на јули 2026 година успешно го реализираше првиот циклус на тестирање на новото системско решение. Со тестирањето е потврдена функционалноста на системот и подготвеноста за продолжување со следните фази од неговото воведување.

    Во рамки на првата тест-фаза успешно биле обработени најголем дел од платежните пораки опфатени со проектот, кои се усогласени со меѓународниот стандард ISO 20022, информираат од Народната банка.

    По завршувањето на тестирањето, во просториите на Народната банка бил одржан работен состанок со претставници на учесниците во МИПС, на кој биле презентирани резултатите од спроведените активности, разгледани забелешките и предизвиците што се појавиле, како и договорени следните чекори за успешна реализација на проектот.

    Директорката на Дирекцијата за платни системи во Народната банка, Биљана Доновска-Гечева, посочи дека во наредниот период ќе продолжат активностите за завршување на тестирањата и подготовките за ставање на новото решение во редовна употреба.

    Воведувањето на стандардот ISO 20022 претставува значаен чекор кон унапредување на националната платежна инфраструктура. Новиот систем ќе овозможи побогата и поквалитетна размена на податоци при плаќањата, поефикасна автоматска обработка на трансакциите, полесно спроведување на контролни механизми и поголема усогласеност со европските стандарди и практики.

    Со примената на новиот стандард се очекува создавање услови за посигурни, поефикасни и современи платежни услуги, во согласност со европските текови и процесот на интеграција.

    Проектот „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“, финансиран од Европската Унија, покрај имплементацијата на ISO 20022 во МИПС, предвидува и воспоставување на склад на податоци за потребите на екстерните статистики. Со тоа дополнително ќе се унапредат институционалните капацитети на Народната банка во овие значајни области.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид

    06.10.2026 во 17:27

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.