Голема акција на МВР: Приведени 12 лица при контрола во угостителски објекти, пронајдена дрога

 

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршени се контроли во угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје во текот на 13/14.05.2022.

Притоа полицијата уапсила 12 лица, од кои 11 биле од Скопје и едно од нив било од Охрид, откако кај нив била пронајдена дрога.

Од нив, кај седум лица е пронајдена марихуана, кај четворица бела прашкаста материја, а кај едно и марихуана и кокаин. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик“, соопштија од полицијата.

14.05.2022 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега