На 07.10.2026 година, во 18:00 часот, на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода П.Р. (62) од Австрија.

При извршена гранична контрола и преглед на кампер-возило „Фиат“ со приколка, со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол, еден револвер, едно пакување со 90 дијаболи и едно пакување со 22 иницијативни каписли.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version