На 11.08.2026 година во 15:15 часот во ОВР Прилеп, 35-годишна жена од прилепско село пријавила дека во својот дом била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг Д.П. и неговиот брат А.П.
Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

