Вчера околу 13:40 часот на автопатот Скопје-Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишиле од слобода П.И.(40) од Велес, соопштија од МВР.
При преземање службени дејствија, полициските службеници сопреле патничко возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал и при обид да извршат преглед над него, при излегување од возилото фрлил кутија од цигари со бела прашкаста материја, која била пронајдена и одземена.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
- Велешанец падна во рацете на полицијата – го стопирале, застанал, излегол од колата и фрлил кутија од цигари полна со дрога
- Летале чаши и шишиња – тројца скопјани се пресметале во обложувалница
- СВР Куманово откри затајување на акциза од 3,4 милиони денари – набавиле тутун во лист го преработиле, па го продавале
- Сопругата го пријавила за физичко и психичко малтретирање подолг период – полицијата уапси тетовчанец
- Арсенал оружје и муниција откриени во Скопје: Приведен 49-годишник
- МВР во акција низ државата: Седум лица приведени, еден повикан на разговор
- Со електричен тротинет удрил пешак и избегал – жена итно префрлена во болница
- Украдена пушка од куќа во Новаци се чувала во Делчево – Тројца мажи заработија кривични

