Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лефков: Филипче имал 400 анализи за загадена вода и молчел, ЈО веднаш да отвори случај
    • Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата
    • ВИДЕО: Испливаа снимки од силното невреме проследено со торнадо во Германија
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Скопје меѓу најтоплите места, следи промена
    • Орце Ѓорѓиевски: 14-тата дезинсекција против комарци – Продолжуваме со засилено темпо
    • ДУИ: Подготвени сме, да одиме на избори
    • Колку пари му требаат на едно семејство? – Августовската кошница 68.675 денари
    • Еврото добива нов изглед – Новиот дизајн пристигнува до крајот на годината
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување – на местото на Вардариште ќе никне најголемиот мега парк во Скопје

    Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување – на местото на Вардариште ќе никне најголемиот мега парк во Скопје

    16.04.2026 во 17:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега парк!, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

    Дадениот збор пред граѓаните е обврска која мора да се исполни, рече Ѓорѓиевски.

    „Како што ветив, по спроведената физибилити студија, денес започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште.

    Мапирани се 22 точки, односно бунари за собирање на отпадните гасови кои со години се наталожуваа на ова место.

    Од сите бушотини ќе се земаат примероци кои ќе се испитуваат во сертифицирани лаборатории, со цел прецизно утврдување на количеството и составот на гасовите.

    Паралелно, се одвива и процесот за темелно површинско расчистување на депонијата.

    Вардариште, почитувани, ќе стане минато.

    Она што со децении беше симбол на запоставеност и извор на ризици по здравјето и никој не успеа да го реши, ние го претвораме во можност и нов почеток.

    На ова место ќе никне современ мега парк на површина од околу 300.000 метри квадратни, простор на живот, рекреација и чист воздух, новите бели дробови на Скопје.

    Ова ќе биде новото срце на градот, место каде семејствата ќе создаваат спомени, младите ќе спортуваат, а природата повторно ќе го врати својот изгубен сјај.

    Градиме иднина во која зеленилото не е луксуз, туку стандард, а здравата животна средина, приоритет.

    По завршувањето на целиот процес, ќе изградиме и мост кој ќе ги поврзува Гази Баба и Аеродром, значително намалувајќи го сообраќајниот метеж и создавајќи побрза и пофункционална градска поврзаност.

    Скопје, почитувани, се сака со дела.

    А делата се нашиот препознатлив знак.

    Заедно, по скопски!“, напиша Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    Орце Ѓорѓиевски: 14-тата дезинсекција против комарци – Продолжуваме со засилено темпо

    20.08.2026 во 11:17

    Ќе нема струја – Неколку скопски улици на списокот

    20.08.2026 во 08:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.