Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопје домаќин на четиридневниот форум „Европски дијалози“
    • Исклучување во 9 часот – Улици во Скопје остануваат без вода
    • Ќе нема струја неколку часа – исклучување во повеќе делови на Скопје
    • Почнува третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните – Мицкоски на промоцијата
    • Од 1 октомври аплицирање за продолжување на студентските стипендии
    • Целосниот поврат на данокот за мајките пред пратениците
    • Студени утра, потопли денови: УХМР со прогноза за целата недела
    • Заменик-директорот на ФБИ поднесе оставка 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Средните училишта во Скопје добиваат современи лаборатории и метеоролошка станица

    Ѓорѓиевски: Средните училишта во Скопје добиваат современи лаборатории и метеоролошка станица

    25.08.2026 во 08:173 Mins Read
    Орце Ѓорѓиевски, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Знаењето станува искуство – средните училишта во Скопје добиваат современи лаборатории и метеоролошка станица. Ова на Фејсбук го напиша скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

    -Влогот во младите е влог во иднината.

    Секој денар вложен во нивното образование е инвестиција во знаењето, напредокот и силата на нашето општество.

    Наша должност е да им обезбедиме услови во кои ќе можат слободно да истражуваат, да создаваат и да го развиваат својот целосен потенцијал.

    🧑‍🔬 Во тек е уредувањето на нови и современо опремени кабинети по математика и физика, како и лаборатории по хемија и биологија во средните училишта на Град Скопје.

    ✔️ Проектот опфаќа целосно нова наставна опрема, современи дидактички помагала, интерактивна технологија и нов училиштен мебел, клупи и столчиња приспособени на потребите на учениците и наставата на 21 век.

    🫵 Со ова создаваме услови наставата да излезе од рамките на теоријата и да стане практична, интерактивна и лесно разбирлива.

    Наместо законите на физиката и математичките концепти да се изучуваат само преку формули напишани на табла, учениците ќе можат да ги разберат и докажат преку реални модели, прецизни мерења и практични експерименти.

    🧫 Во лабораториите по хемија и биологија, хемиските реакции и процесите во живиот свет ќе се набљудуваат непосредно преку практична работа, истражување и експерименти, а не само преку текстови и илустрации во учебниците.

    ✔️ Секој кабинет е осмислен како заокружена образовна целина што ги обединува современиот училиштен мебел, специјализираната опрема, интерактивната технологија и дигиталните образовни содржини.

    📺 Интерактивните панели ќе овозможат сложените поими да се прикажуваат преку видеа, тридимензионални модели, симулации и опити, со што часовите ќе станат подинамични, поинтересни и многу поефикасни.

    Со ваквото опремување, училниците во Скопје прераснуваат во средина создадена по мерка на современото образование – простор во кој знаењето станува искуство, а учениците се активни учесници во наставниот процес.

    🌾 Дополнително, градиме и паметен пластеник – училишна лабораторија во која образованието, науката, технологијата и земјоделството ќе се спојат на едно место.

    📀 Овој современ земјоделски објект ќе користи сензори, микроконтролери и паметна технологија за автоматско следење и регулирање на условите за раст и развој на растенијата.

    Температурата, влажноста на почвата, наводнувањето и прихранувањето ќе се следат и управуваат преку апликација за паметни уреди.

    💧Пластеникот ќе располага со автоматизиран систем за наводнување, систем за регулирање на влажноста на воздухот, автоматско ѓубрење, контролер за управување со наводнувањето, Вентури-инјектор и систем со распрскувачи.

    🌡️ Во негови рамки ќе бидат поставени и метеоролошка станица и професионална агростаница, преку кои учениците ќе можат непосредно да собираат податоци, да ги анализираат временските и почвените услови и практично да го изучуваат современото земјоделство.

    Пластеникот ќе се користи во текот на целата година.

    ✔️ Со планско менување на површините и културите, во него ќе се одгледуваат градинарски, овошни и цветни култури, од расад до целосно развиени растенија.

    🫵 Ова е нов пристап кон образованието што ја поттикнува љубопитноста, ја развива креативноста и ги подготвува младите за професиите и предизвиците на иднината.

    ♥️ Кога вложуваме во знаењето на младите, не ја градиме само нивната иднина – ја градиме иднината на Скопје и на Македонија!, напиша тој.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Скопје домаќин на четиридневниот форум „Европски дијалози“

    29.09.2026 во 08:09

    Исклучување во 9 часот – Улици во Скопје остануваат без вода

    29.09.2026 во 08:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.