Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски со честитка за Радичевски: ВМРО-ДПМНЕ е убедливо на врвот, со народот и за народот

    Ѓорѓиевски со честитка за Радичевски: ВМРО-ДПМНЕ е убедливо на врвот, со народот и за народот

    19.10.2026 во 08:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО – Убедливо први! Ова на социјалната мрежа Фејсбук го напиша скопскиот татко, Орце Ѓорѓиевски.

    -„Му честитам на мојот иден колега Стојанчо Радичевски за убедливото водство!

    Оваа доверба е огромна чест, но и обврска да се возврати со уште поголема посветеност и со дела што ќе го подобрат животот на секој жител.

    Честитки до жителите на Брвеница кои повторно го направија вистинскиот избор и застанаа зад луѓето што ја имаат нивната доверба!

    ВМРО-ДПМНЕ е убедливо на врвот, со народот и за народот!

    Продолжуваме силно, за уште поголема победа во втор круг.

    Довербата ја оправдуваме со дела”, напиша Ѓорѓиевски.

    За потсетување, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Стојанчо Радичевски, освои најмногу гласови на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, покажуваат обработените податоци од сите 24 избирачки места.

    Според објавените резултати, Радичевски освоил 2.943 гласови, односно 38,90 отсто од вкупниот број гласачи кои го оствариле своето право на глас.

    Втор по бројот на освоени гласови е Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција (НАИ) со 2.152 гласа (28,45%), а по него следува Јакуп Хусеини од Коалицијата ВЛЕН со 1.528 гласа (20,20%).

    Кандидатот на СДСМ и Коалицијата за предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница 2026, Јовица Радески, освои 706 гласови (9,33%).

    Кандидатите од групи избирачи, Душан Богдановски и Арифе Идризи, освоија 55 гласови (0,73%) односно 21 глас (0,28%).

    Од вкупно 16.256 запишани избирачи, на овие избори гласале 7.565 граѓани, при што се обработени сите 16.247 избирачи на 24-те избирачки места.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре

    28.10.2026 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.