Close Menu
    Најново

    Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница

    30.12.2025 во 18:16

    Американски напад врз венецуелско пристаниште: Трамп тврди дека биле погодени нарко-бродови

    30.12.2025 во 18:03

    Несреќа на жичарница во Италија – најмалку четири повредени, 100 спасени со хеликоптер

    30.12.2025 во 17:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Беким Сали именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница
    • Американски напад врз венецуелско пристаниште: Трамп тврди дека биле погодени нарко-бродови
    • Несреќа на жичарница во Италија – најмалку четири повредени, 100 спасени со хеликоптер
    • ​Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари
    • СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата
    • Пакетче за секое дете и многу забава во Кисела Вода
    • Сибирски студ ја зафаќа Македонија: Температурите ќе паднат до -15 степени
    • Спречена трагедија во Велес: Пожар проголта две возила и бандера, пожарникарите спречија да изгорат куќите
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Ѓорѓиевски најави прва подземна сообраќајница во Скопје: Ќе ја промениме сообраќајната иднина на градот

    Ѓорѓиевски најави прва подземна сообраќајница во Скопје: Ќе ја промениме сообраќајната иднина на градот

    09.10.2025 во 12:28
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски денеска најави проект кој, како што рече, ќе ја промени сообраќајната иднина на градот, првата фаза од булевар „Македонија“ и  улицата „Даме Груев“ да прерасне во булевар. 

    – Овој проект не е само дел од мојата програма, туку вистински пресврт за централното градско подрачје. Се работи за клучен проект што ќе го растовари целосно метежот во центарот на Скопје. Новиот кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“ ќе донесат побезбеден проток и паметни сообраќајни решенија според европските стандарди, изјави Ѓорѓиевски.

    Нагласи дека со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под „Лимак“, Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница во нашиот главен град.

    – Таа ќе има шест ленти, четири за двосмерен сообраќај на автомобили, две за автобуси и дополнителни тротоари. Со оваа подземна сообраќајница под „Лимак“, сообраќајот ќе тече, би рекол, сосема непречено, а центарот ќе доживее значително растоварување, што ќе го направи движењето низ целиот град многу покомфорно и побезбедно. Мислам дека ќе успееме да постигнеме и целосно ослободување од метежот во центарот, изјави Ѓорѓиевски.

    Информира дека предвидуваат уште едно капитално решение, а тоа е улицата „Даме Груев“ да премине во булеварско решение.  – Иако постојат предизвици со зградата на „Макотекс“, имаме јасен план за правно и техничко решение. Со реализацијата на овој проект, централното градско подрачје ќе биде речиси целосно растоварено, создавајќи современ, урбан и проточен простор кој ќе го трансформира секојдневното движење на граѓаните, Ѓорѓиевски. 

    Во однос на паркирањето,  Ѓорѓиевски најави дека значително ќе се подобри со изградбата на современа катна гаража од европски тип на местото од дотраените бараки и постојниот монтажен паркинг во Буњаковец. Дополнително, преку монтажни паркинзи во Капиштец и Под Кале ќе им се овозможи на жителите и многу поудобен пристап до паркинг. 

    Орце Ѓорѓиевски, побара граѓаните да го поддржат кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Мирослав Лабудовиќ. Лабудовиќ потенцира дека заедно имаат визија како треба да изгледа градот и Центарот. Најави дека ќе работат и оти по четири години ќе има подобрување на квалитетот во делот на хигиената, безбедноста, вклученост на младите во сите сегменти…

    -Некои од проектите Орце ги кажа. Максимална поддршка ќе има општината, со максимална заемна координација и соработка и градот ќе го направиме многу подобро место за живеење. Граѓаните на Центар и на Скопје очекуваат и ќе добијат промени, како организиран јавен превоз, повеќе паркинг места, смарт паркинг системи. Зборуваме за ред и да се тргне хаосот што ни се случува во овој момент, рече Лабудовиќ.

    Информира дека работат на проекти за нова општинска зграда, за нови градинки и основни училишта и вклучување на младите во спортот и културата.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.