Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    ВИДЕО+ФОТО: Нови мотоцикли за полицијата од РСБСП – Вложувања до побезбедни патишта и спасени човечки животи

    08.10.2026 во 11:31

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шасивари се сретна со сирискиот министер за правда во Истанбул
    • Трагедија во рингот: Борач го фрли судијата по што починал на лице место
    • Меџити: Три медали од Балканското првенство во Хрватска, борачите на ШКУПИ гордост на Чаир
    • Утре неколку скопски населби ќе останат без струја – проверете дали сте на списокот
    • Шасивари – Ѓурлек: Зајакнување на соработката меѓу Македонија и Турција во областа на правдата
    • Литванија распоредува војници на границата со Русија
    • Муцунски на средба со бугарската министерка за надворешни работи: Позициите остануваат оддалечени, прашањата за идентитетот не смеат да бидат пречка
    • Николоски: Македонските аеродроми годинава ќе достигнат рекордни 4 милиони патници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски најави инвестициски бум во Бутел: Мега парк, кружен тек, нови улици

    Ѓорѓиевски најави инвестициски бум во Бутел: Мега парк, кружен тек, нови улици

    07.10.2025 во 11:422 Mins Read
    ФОТО: Facebook/Орце Ѓорѓиевски
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, најави низа капитални проекти за Општина Бутел, меѓу кои изградба на кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, пробивање на нови улици и формирање на модерен мега парк.

    „Кружниот тек е дел од стратегијата за уредување на 50 критични крстосници низ Скопје, со цел зголемена безбедност и ред во сообраќајот. Сакаме град со нула фатални несреќи до 2030 година“ изјави Ѓорѓиевски.

    Паралелно со тоа, ќе следи и целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, вклучувајќи нов асфалт, пешачки патеки, осветлување и атмосферска канализација за решавање на долгогодишниот проблем со поплави.

    Планирано е и поврзување на „Бутелска“ со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, со што ќе се намали метежот и ќе се подобри пристапот кон Бутел.

    Меѓу пошироките проекти се реконструкцијата на Стар Качанички пат и развојот на Економската зона Визбегово, а на урбанистички план, Бутел ќе добие и нов модерен мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, со зелени површини, детски и спортски содржини.

    Ѓорѓиевски најави и ревитализација на реката Серава со уредени зелени коридори, велосипедски и пешачки патеки.

    „Овие проекти се дел од визијата за Скопје како безбеден, функционален и модерен град кој се развива во корист на граѓаните“ порача тој.

    Прочитај повеќе

    Шасивари се сретна со сирискиот министер за правда во Истанбул

    08.10.2026 во 18:52

    Меџити: Три медали од Балканското првенство во Хрватска, борачите на ШКУПИ гордост на Чаир

    08.10.2026 во 18:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.