Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува
    • Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
    • Ученик нападнат на голем одмор, еден од напаѓачите извадил пиштол
    • Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на родителски додаток за дете
    • Поевтин дизел за два денари до 2 ноември – Министерството за енергетика ја поздрави одлуката на ОКТА
    • Ништо од свадбата на Игор Којиќ и бремената Николина: Кеба откри се
    • Вучиќ за ескалацијата во ЕУ: Кога се случи насилството во Париз, ја изведоа војската, а јас немав ниту еден воден топ
    • Димитриеска-Кочоска: Поевтин дизел и пониски акцизи до 2 ноември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Деновиве 60 автобуси на ЈСП се враќаат на скопските улици

    Ѓорѓиевски: Деновиве 60 автобуси на ЈСП се враќаат на скопските улици

    06.11.2025 во 15:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Новиот скопски градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, најави брзо нормализирање на јавниот градски превоз, со цел да се стави крај на голготата на граѓаните. Тој очекува околу 60 автобуси на ЈСП Скопје деновиве да се вратат во функција.

    Ѓорѓиевски ја критикуваше работата на досегашното раководство на ЈСП, велејќи дека нивниот капацитет е деструктивен за претпријатието.

    „Веќе разговараме со дел од стручните служби на ЈСП Скопје, што не го опфаќа директорот и раководството за кои во изминатиов период видовме дека нивниот капацитет како да не постои односно, дека е деструктивен за претпријатието и за јавноста. Ќе бидат итно преземени чекори во насока на адаптирање на сите автобуси кои со месеци стојат неисправни“, рече Ѓорѓиевски по примањето на уверението за градоначалник.

    Тој најави и итна средба со приватните превозници за да се договори начинот на работа во претстојната зима.

    „Веќе утре ќе имам состанок со сите приватни авто-превозници и околу 60-тина автобуси ќе бидат пуштени во оптек. Тоа во првиот момент ќе го нормализира транспортот за да не дозволиме, оти доаѓа зима, студентите, средношколците, граѓаните и повозрасните лица да чекаат на ред за автобусите и да ја поминуваат голготата што беше во изминатиот период“, додаде тој.

    Ѓорѓиевски најави и брза ревизија на работењето на сите јавни градски претпријатија.

    Прочитај повеќе

    Над 200 камери ќе се поставуваат низ Скопје против дивите депонии и вандализмот во парковите

    20.10.2026 во 15:28

    Николоски и Лукровски договорија нови проекти за Карпош: Општината добива поддршка од 11 милиони евра

    20.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.