Ѓорѓиев: Нацртани 4.108 срциња во спомен на сите чии срца престанаа да чукаат додека чеаа Филипче да набави вакцини

Во герила акција на кејот покрај реката Вардар, ВМРО-ДПМНЕ нацрта 4.108 срца со цел, како што велат од партијата, да бидат потсетник на оние кои го изгубија животот во борба со вирусот Ковид-19. Воедно, опозициската партија бара одговорност и одговори од министерот за здравство, Венко Филипче.

„Уште колку македонски срца ќе треба да престанат да бијат за министерот Венко Филипче да почувствува одговорност и грам сочувство со илјадниците мајки, татковци, синови и ќерки кои ги изгубија своите најмили чекајќи вакцини, чекајќи слободни кревети, поевтини лекови и соодветна терапија за да бидат излекувани од КОВИД-19?“, рече Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега