Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Завршил во болница и останал без мотоцикл – Гостиварчанец паднал од мотоцикл кој го возел без дозвола
    • Тепачка поради паркинг место во Пирок: Нападнат 24-годишник во автоперална
    • Нов напад во Ормускиот Теснец: Ракетирани два брода кај брегот на Оман
    • А1 Македонија втора година по ред генерален спонзор на ИФФК „Браќа Манаки“
    • Шасивари и Мишел разговараа за условите во затворите и препораките на CPT
    • Велјановски: ЈО да истражи како се потрошени 4,6 милиони евра за провизии за железничкиот Коридор 8
    • Кузеска: Мицкоски да објави каде завршиле 5-те милиони евра за прославата на 8 Септември
    • Измерени над 30 степени во 11 часот – УХМР соопшти каде е најтопло
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Учениците ќе имаат бесплатни оброци и бесплатна екскурзија

    Герасимовски: Учениците ќе имаат бесплатни оброци и бесплатна екскурзија

    06.10.2025 во 22:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за Градоначалник на Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски, вечерва пред центарци истакна дека во изминатите четири години постигнато е многу за развој на општината. По четири години Центар е нова приказна, нова општина.

    Тој, информираше дека е изградена најдобрата градинка во Македонија, и подготвена е изградба на уште една нова.

    „Ги реновиравме целосно сите училишта. На две училишта веќе поставивме фотоволтаици. Нашиот План е сите училишта и градински да имаат фотоволтаици на крововите. Нашите ученици добиваа ранци и прибори, сигурност и најдобро образование, добија униформи, а од сега ќе имаат и бесплатни здрави оброци и национална екскурзија за да ги сакаат уште повеќе и Центар и Македонија. Нашите ученици добиваат и два затворени базени и нови внатрешни и надворешни спортски терени“, рече Герасимовски.

    Герасимовски, потенцираше дека во ова невреме за Скопје, кога граѓаните се дават во ѓубре и ефтини политички битки, решил да работи поинаку, не заради себе, туку заради граѓаните, затоа што тие не сакаат јалови кавги.

    „Граѓаните не сакаат докажувања кој е полош. Не! Од такви кавги не се живее подобро, од такви политичари нема резултати. Во овие четири години се водев од основните човечки вредности и принципи, да работам без пардон, и да не мислам на себе. Да работам чесно. Да работам одговорно. Да давам отчет цело време. Да работам за сите. Да ги слушам сите. Да обединувам. Да не ги делам луѓето. Да мислам за сите искрено, да помагам на сите. Да бидам достапен за сите. Така почнав од самиот почеток, така живеев и работев секој ден. Сакав Центар да стане подобро место за живеење за сите, и уверен сум дека во тоа и успеавме“, изјави Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    Денеска ќе нема струја до 13 часот – ЕВН најави исклучувања

    11.09.2026 во 10:30

    Стефковски: Доделивме спортска опрема вредна 3 милиони денари на фудбалските клубови

    10.09.2026 во 21:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.