Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мајкрософт создава AI доктор?
    • Путин ги отвори картите: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
    • Падна одлука: Забрана за социјални медиуми за деца под 15 години во Грција
    • Министерот за правда оствари средба со Варнс: Во фокус кривичното законодавство и дигитализацијата
    • Драма во Куманово: Нападнале и ограбиле постар маж, па го носеле во финансиско друштво да вади брз кредит
    • Гаши го честиташе празникот: Овој датум не потсетува на истрајноста и сопствената државност
    • ФОТО: Погледнете како битолчани го одбележаа денешниот празник
    • ВО ЖИВО: Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Со Зоран Кондратенко и Јаков Дренковски, новиот кум и здравичар, ја продолжуваме големата бадникарска традиција

    Герасимовски: Со Зоран Кондратенко и Јаков Дренковски, новиот кум и здравичар, ја продолжуваме големата бадникарска традиција

    15.12.2025 во 12:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“ денеска ги претстави кумот и здравичарот за 2026 година.

    Годинава, водечките бадникарски функции ги прифатија и претприемачот и експерт во областа на енергетиката Зоран Кондратенко како кум и  урбаниот трубадур Јаков Дренковски како здравичар.

    Кумот и здравичарот се заблагодарија за честта што им беше укажана, истакнувајќи дека оваа функција претставува голема радост и гордост за нив и нивните семејства.

    Честитки им упати и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочувајќи дека станува збор за убава традиција стара повеќе од три децении.

    „Последните четири години, достоинствено и во духот на вера, надеж и љубов го прославивме Бадник. Уверен сум дека и наредните години ќе ја продлабочиме соработката со Бадникарското здружение за зачувување и развој на оваа наша убава  традиција“, рече Герасимовски.

    Кумот и здравичарот ги поканија сите скопјани в недела, на 21 декември, напладне, во месноста Краста, на јужните падини на Водно, да им се придружат и да засечат бадникарски гранчиња за успешен почеток на новата година. Гранчињата ќе им бидат поделени на верниците на 6 јануари, на централната свеченост на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

    Во духот на големиот христијански празник, кумот Кондратенко ќе го понесе ќупот за Бадник 2026, додека здравичарот Дренковски ќе ја изговори здравицата на платото пред Храмот.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет

    23.10.2026 во 12:06

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.