Close Menu
Press24
    Најново

    Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца

    29.10.2026 во 20:14

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска, одлуките ќе ги носиме внимателно и одговорно

    Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска, одлуките ќе ги носиме внимателно и одговорно

    15.10.2026 во 20:153 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во Дневникот на телевизија Сител истакна дека Општината бара дополнителни стручни испитувања за стабилноста и безбедноста на теренот во „Барутана“. Тој нагласи дека постапката за нов детален урбанистички план е започната поради законската обврска по укинувањето на претходниот план, но дека тоа не значи и негово конечно донесување.

    „Наша законска должност како општина, и моја како градоначалник, е по укинувањето на детален урбанистички план да започнеме постапка за нов план за истата површина. Тоа и го направивме. Планот сè уште е во процедура, а сега јас и мојот тим бараме дополнителни испитувања и анализи за да се утврди дали земјиштето е стабилно и безбедно за можни идни градби“, истакна Герасимовски.

    Тој појасни дека за овој простор постои планска документација уште од 2002 година и дека не станува збор за отворање нов градежен реон. Според него, тврдењата во јавноста за нови 25 градежни парцели создаваат погрешна слика за содржината на предложениот нацрт-план.

    Герасимовски посочи дека Уставниот суд во 2025 година ја укинал одлуката за донесување на ДУП-от од 2012 година поради недоволен број гласови при неговото усвојување. До укинувањето, планот бил во важност и врз негова основа се граделе објекти.

    „Таму план имало и претходно. Со новиот нацрт-план ги подобруваме условите: ја намалуваме предвидената квадратура за 33 проценти, предвидуваме 40 проценти зеленило во самите парцели и ги ограничуваме подземните нивоа. Не дозволуваме да се повторуваат практики во кои просторот предвиден за паркирање подоцна се користи за домување“, рече Герасимовски.

    Тој додаде дека со нацрт-планот се предвидува и државна парцела со намена за пензионерски дом.

    Градоначалникот информираше дека нацрт-планот поминал низ стручните комисии и добил позитивни мислења од надлежните институции, меѓу кои Комисијата за урбанизам на Град Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување. Сепак, како што нагласи, Општината бара дополнителни проверки преку планерската куќа за можните ризици од свлекување, ерозија и нестабилност на теренот.

    Во тој контекст, Герасимовски посочи дека на просторот постојат и објекти изградени бесправно во минатото, дел од нив подоцна легализирани, како и потпорни ѕидови за чија состојба и безбедност се потребни стручни сознанија.

    Осврнувајќи се на досегашната јавна анкета и дискусија, тој истакна дека граѓаните имале можност преку анкетните листови да ги достават своите забелешки, потреби и барања. Воедно, изрази жалење за односот кон дел од вработените за време на јавната дискусија и потсети дека побарал јавно извинување за нападите кон нив.

    „Постапката ја водат стручни лица и институции, а забелешките се разгледуваат низ законски предвидените механизми. Мора да има простор за дискусија, но и почит кон луѓето што ја спроведуваат постапката“, порача Герасимовски.

    На крајот, тој нагласи дека кога станува збор за Водно, сите одлуки мора да се носат особено внимателно, а конечната одлука за донесување на планот е во надлежност на Советот.

    „Кога е Водно во прашање, сите работи мора да се гледаат со лупа и одлуките да се носат претпазливо. Ние сме обврзани да ја започнеме постапката, но дали таа ќе заврши со донесување на планот, ќе се види на крајот од целиот процес“, истакна Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини

    29.10.2026 во 16:56

    Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја

    29.10.2026 во 09:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.