Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

    Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

    15.07.2026 во 17:513 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови е уште еден доказ за непознавање на урбанистичкото планирање, законските процедури и хиерархијата на планските документи, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

    Наместо факти, јавноста беше изложена на произволни толкувања и бројки извадени од контекст, со единствена цел да се создаде неоснован страв кај граѓаните.

    Вистината е сосема поинаква.

    Со предложениот нацрт-ДУП вкупната бруто изградена површина изнесува 29.459 м², додека претходните плански решенија предвидувале 43.429 м². Тоа значи дека новиот план предвидува 14.000 м² помалку изградена површина, односно намалување од околу 33 проценти во однос на претходните ДУП-ови.

    Оттука, тврдењата за „нова бетонизација“ не само што не се точни, туку се целосно спротивни на фактите.

    Особено загрижува што ЗНАМ демонстрира елементарно непознавање на хиерархијата на урбанистичкото планирање.

    Деталниот урбанистички план мора да биде усогласен со Генералниот урбанистички план, а единствената институција која ја утврдува таа усогласеност е Град Скопје, кој во законската постапка дава свое мислење.

    Доволно е да се направи едноставна пресметка. Постојните објекти во опфатот имаат бруто изградена површина од околу 16.000 м², што недвосмислено покажува дека планот е целосно во рамките на параметрите утврдени со Генералниот урбанистички план.

    Доколку имаа направено ваква основна анализа пред да излезат во јавност, ќе им беше јасно дека тврдењата за неусогласеност со ГУП немаат никаква фактичка основа.

    Дополнително, ова е работна верзија – нацрт-план, кој по завршувањето на јавната анкета повторно ќе биде доставен на мислење до сите надлежни институции, токму како што предвидува Законот за урбанистичко планирање. Дури по завршувањето на целата законска постапка може да стане конечен план.

    Неосновани се и обвинувањата за ерозија и свлечишта. За ваквите тврдења не е приложен ниту еден официјален документ, стручна анализа или мислење од надлежна институција.

    Наместо факти, повторно се пласираат шпекулации и се шири страв меѓу граѓаните.

    Да потсетиме, при изработката и донесувањето на Генералниот урбанистички план, врз основа на кој се изработуваат сите детални урбанистички планови, се спроведуваат низа стручни анализи, геолошки, геомеханички и други експертски испитувања со кои се утврдуваат зоните погодни за градба. Токму тие стручни документи, а не политичките квалификации, претставуваат основа за урбанистичкото планирање.

    Подеднакво несериозно е и тврдењето дека Деталниот урбанистички план се носи во интерес на поединци. ДУП не се изработува за една парцела или за еден инвеститор, туку претставува плански документ со кој се уредува просторот во интерес на сите граѓани – инфраструктурата, јавните површини, зеленилото, сообраќајот и условите за квалитетен живот.

    Доколку навистина имате дилеми, професионалниот и одговорен пристап е одговорите да ги побарате од надлежните институции, а не преку политички конструкции и паушални оценки.
    Очигледно, повторно покажувате непознавање на постапката за усогласување на нацрт-ДУП со ГУП, па затоа ве упатуваме да се обратите до единствената релевантна институција во оваа постапка – Град Скопје. Таму ќе ги добиете сите факти и стручни образложенија. Наместо да ја доведувате јавноста во заблуда, покажете елементарна одговорност и информирајте се пред да пласирате неточни тврдења.

    Општина Центар ќе продолжи транспарентно да ја води постапката, целосно почитувајќи ги законските процедури, мислењата на сите надлежни институции и јавниот интерес, а не политичките манипулации и обидите за собирање дневнополитички поени, тврди Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22

    Градоначалничката се сретна со станарите: Ги унапредуваме колективните живеалишта

    22.10.2026 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.