Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Нема договор со Бугарија, недовербата останува: Муцунски откри што следува за евроинтеграциите

    09.10.2026 во 08:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Внимавајте од понеделник: „Безбеден град“ ќе лови прекршоци во уште еден град во Македонија
    • Инцидент во Карпош: Физички нападнат возач и оштетено возило по расправија во сообраќајот
    • Инцидент во Карпош: Малолетник физички нападнат од група врсници на детско игралиште
    • Дурмиши претстави нова методологија за потрошувачката кошница: Фокус на реалните трошоци на домаќинствата
    • (ФОТО) Стаменкоска Трајкоска: Во напредна фаза е доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, добиваме шест нови училници
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски: Пристигна првата испорака од 3.300 нови контејнери за Скопје, набавени по двојно пониска цена
    • (ФОТО+ВИДЕО) Манасков: Раководители на училиште од Битола се коцкале во казино во Монте Карло додека децата чекале во хол
    • Подготовки за грејната сезона 2026/2027 – ЕСМ со апел до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме“, единствениот и победнички концепт за развој на Центар

    Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме“, единствениот и победнички концепт за развој на Центар

    13.10.2025 во 10:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вчера на терен „од врата до врата“ со центарци дискутираше за проектите што треба да се реализираат во новиот мандат.

    Тој, најави бројни капитални проекти како изградба на градинка со капацитет од 100 деца, изградба на дом за стари лица кадешто е предвидено вработување на 25 негователи, изградба на нов административно-граѓански објект, како и два затворени базени.

    „Во новиот мандат работиме за сите граѓани поеднакво, реализираме проекти за децата, за младите, за возрасните, но и за пензионерите. Воведуваме бесплатен оброк за ученици во целодневна настава, а на учениците од петто до деветто одделение им следува бесплатна екскурзија низ Македонија. За 50% ги зголемуваме стипендиите за талентирани ученици, за 50% ги зголемуваме и субвенциите за новороденче. Вложуваме и во подобар квалитет на живот на пензионерите. Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош на пензионерите со пониска пензија“, вели Герасимовски.

    Герасимовски, истакна дека на 19 октомври победува концептот „За Центар што го сакаме“ затоа што развојот на Центар мора да продолжи.

    „Поддршката од граѓаните е голема, во изминатите четири години направиме многу за нашата општина. Реализиравме над 90% од програмата. Денеска, Центар е нова и успешна приказна која мора да продолжи да се развива по победата на локалните избори. Ги повикувам сите центарци да го направат вистинскиот избор за Центар, за поубава и подобра општина“, потенцира Герасимовски.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Стаменкоска Трајкоска: Во напредна фаза е доградбата на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, добиваме шест нови училници

    09.10.2026 во 12:39

    (ФОТО) Ѓорѓиевски: Пристигна првата испорака од 3.300 нови контејнери за Скопје, набавени по двојно пониска цена

    09.10.2026 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.