Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски: 515 ученици евакуирани безбедно во симулација на земјотрес и пожар во училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“

    Герасимовски: 515 ученици евакуирани безбедно во симулација на земјотрес и пожар во училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“

    03.12.2025 во 14:331 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на симулациска вежба за евакуација при земјотрес и нус-појава на пожар во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

    Вежбата имаше за цел да ја провери подготвеноста на учениците, наставниот кадар и персоналот за брза и координирана реакција во кризна ситуација.

    „Овие обуки не смеат да бидат формалност, туку мора да станат  задолжителна и редовна пракса во образовниот систем. Сите училишта треба да ги знаат протоколите за евакуцација во случај на катастрофа. По трагичниот пожар во објектот Пулс во Кочани, треба да ја кренеме свеста на највисоко ниво за важноста на ваквите подготовки“, рече  Герасимовски.

    Сценариото опфати симулиран земјотрес и пожар, по што беше извршена итна евакуација на 515 ученици и персоналот. Беше демонстрирано и укажување прва помош и згрижување на можни повредени. На терен учествуваа и екипи на СВР, Црвениот крст и НОУП Центар, кои ги проверија своите протоколи и координација.

    Ваквите симулации се клучни за навремена и правилна реакција во реални услови. Општина Центар продолжува да вложува во унапредување на безбедносните стандарди и редовни обуки во училиштата.

    Прочитај повеќе

    Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија

    19.09.2026 во 14:20

    Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте

    19.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.