Георгиевски до Груевски: „Се што ми напрви мене сега ти го прават тебе“

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а сега на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски преку социјалната мрежа Фејсбук му порача на поранешниот премиер, претседател на партијата и сопартиец Никола Груевски дека се што му правел нему, сега му се враќа.

-Се што ми направи мене сега ти го прават тебе и тоа по учебникот кој им го остави. Само очигледно тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни- напиша Георгиевски.

Тој во објавата споделил порака и до, како што вели, ВМРО-Шумадија.

-Многу мал чекор треба да направите за да му помогнете на вашиот довчерашен лидер,што единаесет години ви даваше власт. Да им помогнете на уште петнаесетина ваши сопартиjци кои лежат по затворите вклучувајки ги и од „27-ми април“. Да и помогнете на Македонија на патот до Европа, истакнал претседателот на ВМРО-Народна партија.

22.09.2023 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега