Close Menu
Press24
    Најново

    Над 30 степени уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите претпладнево

    04.08.2026 во 11:24

    ЛДП бара семејни центри за врсничко насилство во секоја општина: Подобро да спречиме отколку да „лечиме”

    04.08.2026 во 11:17

    Метео аларм од УХМР: Пеколни горештини ја зафаќаат земјава

    04.08.2026 во 11:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Над 30 степени уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите претпладнево
    • ЛДП бара семејни центри за врсничко насилство во секоја општина: Подобро да спречиме отколку да „лечиме”
    • Метео аларм од УХМР: Пеколни горештини ја зафаќаат земјава
    • Градинката „Кочо Рацин“ добива нов потпорен ѕид – Стариот заменет по 25 години
    • 5.000 денари за секое првоодделенче во Ресен
    • ФОТО: Почина Биљана, зад себе остави две деца – Тага на српската естрада, пријателите со последно збогум
    • Тошковски и институциите на маса – Главниот штаб за кризи на седница за водата во Гостивар
    • Тага во регионот, актерката Наталија Дончева почина на 56. години – „Конечно отиде да се одмори“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши за електронскиот попис: Најважно е процесот да биде кредибилен и без политика

    Гаши за електронскиот попис: Најважно е процесот да биде кредибилен и без политика

    06.04.2026 во 15:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска порача дека е клучно најавениот електронски попис да биде спроведен на професионален начин за граѓаните да имаат доверба во крајните резултати.

    Гаши на денешниот брифинг истакна дека нема ништо против дигитализација на процесот доколку институциите се подготвени за такво нешто.

    „Мислам дека тоа е прашање на надлежните институции што ги спомнавте одговорни за да го спроведуваат тоа. Ако тие се чувствуваат подготвени, одлично е. Ние немаме нешто против да биде што полесно. Битно е пописот да биде спроведен на најдобар и кредибилен начин, да веруваат граѓаните дека информациите се кредибилни. Начинот како ќе се извршува, ако е најлесен тој дигитален начин или најкредибилен, тогаш одлично, се согласувам и јас. Нема никаков проблем“, рече Гаши.

    Првиот човек на законодавниот дом смета дека пописот, како статистичка операција, не смее да биде предмет на политички препукувања, особено во делот на резидентното население.

    „Пописот е статистичка постапка која се спроведува според ЕВРОСТАТ, тоа се меѓународните критериуми, треба да ги следиме. Што помалку политизирање на таквих процеси, тоа подобро. За жал, склони сме да политизираме се и си правиме штета сами на себе. Ако ги гледаме објективно работите зошто ни требаат тие постапки, би би имале друг пристап. Јас сум склон на деполитизирање на процесите“, потенцираше тој.

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, претходно најави дека целта е следниот попис во 2030 година да се спроведе преку административни извори и дигитални алатки. Директорот на Статистика, Дејан Станков, појасни дека дотогаш ќе се работи на усогласување на регистрите за точно детектирање на резидентното население.

    Прочитај повеќе

    Над 30 степени уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите претпладнево

    04.08.2026 во 11:24

    ЛДП бара семејни центри за врсничко насилство во секоја општина: Подобро да спречиме отколку да „лечиме”

    04.08.2026 во 11:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.