Гас за скопските топлани има уште за денеска, илјадници домаќинства може да останат без парно
Денеска завршуваат залихите за гас кои се наменети за топланите Исток и Запад, додека нова најава за набавка засега нема, објави „Телма“.
Ова значи дека останува неизвесно дали од утре илјадници домаќинства ќе останат без парно и со ладни радијатори.
„Телма“ објави дека државни електрани информирале дека има средства за нова набавка, сепак не кажале дали е склучен таков одговор.
Компанијата се обиде да користи дизел како примарно гориво, но сепак тоа беше одбиено од МИнистерството за животна средина.
30.11.2022 - 09:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа