ГАЛЕРИЈА: Длабоки деколтеа и многу гламур - Бекстејџ го прослави својот 15 роденден

Естрадниот магазин „Бекстејџ“ вчеравечер со гламурозна забава во нашата метропола гo прослави 15-от роденден на која присуствуваше речиси целата македонска естрада, политичарите, спортистите, луѓето од бизнис-секторот и многу други.

„Бекстејџ“ вчера додели и награди за најуспешните во светот на музиката и спортот. Во категоријата најдобри машки и женски вокали, наградите ги освоија Влатко Лозаноски – Лозано и Тамара Тодевска.

Во категорија најуспешни групи, наградите заминаа во рацете на ДНК, момците од „Суперхикс“ и „Нокаут“. Статуетки имаше и за ѕвездите во подем: 2 Бона и Таско.

 

 

Најуспешни спортисти според „Бекстејџ“ беа: Кире Лазаров, Горан Пандев и Перо Антиќ. Статуетка за најдобар фестивал доби „Д Фестивал“.

На роденденот присуствуваа и познатите пејачи Халид Бешлиќ и Жељко Самарџи, кои добија награда во категоријата „Балкански живи легенди“.

Награди за трајни вредности добија водителката Лила Филиповска и Џаро.

Пред присутните се обрати уредничката на „Бекстејџ“, Ева Јакимовска, која им се заблагодари на пристуните, но и општо на сите со кои тие соработуваа во изминатите 15 години.

Погледнете како беше на забавата:

01.11.2022 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега