Раде Мијајловиќ од Обреновац во Србија, наместо да спрема свадба за својата ќерка единица, со неговата сопруга, двете ги испраќа во вечниот дом.

Таткото на Валентина и сопруг на Марина Мијајловиќ, кои на Осми Март загинаа во страшна несреќа кај Корман Поље, во близина на Шабац, додека претекнувале возило, при што се забиле во возило од спротивната насока на патот, за српските медиуми вели дека е скршен од болка.

-Ми беа се, мојата ќерка имаше само 24 години. Со мојата жена живеевме и дишевме како да сме една душа. Со неа сум од раната младост. Двете ги загубив…Останав сам на светот, изгубив се, вели потресениот сопруг и татко за српските медиуми.

Сопственикот на шлеп-служба во Србија, објави и некролог од својата сопруга и ќерка, кои ќе бидат погребани денеска во 13 часот.

За потсетување, Марина М., на 49 години, и нејзината ќерка Валентина М., на 25 години, загинаа на самото место кога возилото во кое патувале, автомобил „Голф 6“, претекнувало друго возило и удрило во автомобил од спротивната насока во близина на Корман Поље, пишуваат српските медиуми.

Според извори запознаени со случајот, пред нив се движела кола која сакала да сврти десно, а Валентина се обидела да ја заобиколи од левата страна, при што налетале на друго возило. Мајката и ќерката, за жал, не преживеаја и починаа на лице место, а автомобилот беше потполно уништен од силата на ударот.

Во друго возило, „Ауди“, биле маж и жена кои се здобиле со повреди и веднаш биле пренесени во болницата во Шабац за лекување.

Трагедијата ја прави уште потажна со фактот дека младата Валентина требало наскоро да ја каже судбоносното „ДА“ и да започне нова фаза од животот – бракот.

Според семејството, тие тргнале кон роднини и пријатели за да се видат на скара. Сопругот на Марина, кој ја барал, не ја добил на телефон, а потоа добил и повик за трагичната несреќа, доживувајќи шок.

Оваа несреќа предизвика големо жалост и потрес низ целата заедница, а приказната за мајката и ќерката кои заминаа заедно во смрт буди длабока тага кај сите кои ја слушнале.

Exit mobile version