(ФОТО) Спасовски: Нека е за многу години празникот

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави на „Фејсбук“ дека утринава присуствувал на литургија во манастирот „Свето преображение“ во Крушево по повод празникот Преображение на Господа Исуса Христа.

-Утрово, присуствував на богослужба во манастирот „Свето Преображение” во Крушево, по повод празникот Преображение на Господа Исуса Христа. Овој духовен храм, кој вдахнува мир и спокојство во прегратките на восхитувачка природна раскош, е место кое нашиот Тоше го нарекуваше негов втор дом, а чијшто вечен спомен го претвори местото во светилиште за поклонение на посетителите ширум светот.
Нека е за многу години празникот, порача министерот Спасовски.

19.08.2022 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега