Вечерва, на Меѓународниот аеродром во Скопје ги пречекав првите македонски државјани кои беа евакуирани од Израел. По копнен пат, преку Египет и со владиниот авион, тие безбедно пристигнаа дома.
Во вакви моменти најважно е нашите граѓани да знаат дека државата е тука за нив. Благодарение на координацијата меѓу институциите и посветеноста на нашите дипломатско-конзуларни претставништва, евакуацијата беше успешно организирана – од Тел Авив до Шарм ел-Шеик, па сè до Скопје.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија останува во постојана комуникација со сите наши државјани кои се наоѓаат во погодените региони и продолжува со активностите за нивно безбедно враќање дома. Очекуваме во наредните денови да се реализира и евакуацијата на останатите кои изразија подготвеност да се вратат, напиша на ФБ заменик министерот за надворешни работи.

