Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни
    • Кој ќе ја преземе власта: Почна изборниот молк во Србија
    • Празничен егзодус: Maкедонците тргаа кон Грција за продолжениот викенд – колони возила и долги чекања на Богородица
    • Есенски утрински температури: Живатa на термометарот спуштена до 3 степени на Попова Шапка
    • Филипче: Ние со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација
    • Филипче: Сите граѓани ќе добијат акции, ја исправаме неправдата со приватизацијата
    • ЛДП: Реформите на власта се за чист „два плус“ – спречете ги идните уцени со нашиот предлог за самозаштитни клаузули
    • Хера: ЕУ не предупреди – Македонија назадува во повеќе сегменти во човековите права, меѓу кои и родовата еднаквост
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Падна 21-члена криминална група за дрога и перење пари во Прилеп и Скопје

    ФОТО: Падна 21-члена криминална група за дрога и перење пари во Прилеп и Скопје

    01.10.2026 во 14:374 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Управата за финансиско разузнавање и Одделот за специјални полициски операции, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 21-члена организирана криминална група, составена од 20 лица од Прилеп и едно лице од Скопје, кои подолг временски период вршеле кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и економски криминал.

    Постапувајќи по судски наредби, извршени се претреси кај 31 лице, на вкупно 36 локации, од кои 33 на подрачје на Прилеп, ¬¬две на подрачје на Скопје и една на подрачје на Струга. Притоа, од слобода се лишени 20 лица, а при извршените претреси се пронајдени и одземени тревкаста материја, бела прашкаста материја, грутчеста материја, гасен пиштол, муниција од различен калибар, поголема сума на девизни и денарски парични средства, патнички возила, мотоцикли, мобилни телефони, метална дробилка, метален детектор, ваги и др..

    Единицата за насилен криминал, крвни деликти и недозволена трговија со оружје и опасни материи при ОСОСК по спроведените претреси и пронајдени предмети, како и врз основа на претходно обезбедени материјални докази, на 30.09.2026 година до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против вкупно 21 лице, од кои против 20 лица од Прилеп и тоа, Н.В. (38), М.И. (35), Б.И. (62) и М.С. (29) за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ (член 215 ст.3) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (член 273) од КЗ, против М.С. (27), Д.К. (40), В.С. (40), А.Д. (29), Д.Ј. (35), Х.С. (28), Д.С. (19), Ф.З. (22), А.З. (25), В.Н. (22), А.М. (23), А.И. (20), В.А. (24), Д.Ѓ.(43), Р.С. (45) и Ј.Н. (44) за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ (член 215 ст.3) од КЗ, како и против лицето Т.Д. (75) од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело“ (член 273) од КЗ.

    Во периодот од февруари 2026 до октомври 2026 година, Н.В. и М.С. создале организирана криминална група, со цел вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје, како и економски криминал, во која членувале Д.К., В.С., А.Д., Д.Ј., Х.С., Д.С., Ф.З., А.З., В.Н., А.М., А.И., В.А., Д.Ѓ., М.И., Б.И., М.С., Р.С., Т.Д. и Ј.Н.. Дрогата (кокаин и марихуана) Н.В. ја купувал од НН лица по потекло од Албанија, Струга и Дебар и ја држел на безбедни локации во Скопје и Прилеп, по што ги организирал како мрежа на препродавачи Д.К., А.Д., Д.Ј., В.С., Д.С., А.З., А.М., А.И., В.А., Р.С. и Ј.Н., кои ја продавале дрогата, воспоставувајќи контакти со заинтересирани купувачи од Прилеп, Битола, Кавадарци, Неготино, Велес и Скопје, со кои откако ќе се договореле за видот, количината и цената, го известувале Н.В., кој им ја давал потребната количина. Дрогата ја продавале за сума од 500 до 800 денари за грам марихуана и од 4.000 до 6.000 денари за грам кокаин, а парите од продажбата му ги давале на Н.В., кој како награда им давал дел од парите, кои подоцна ги употребувале за купување на движен и недвижен имот.

    М.С. ја купувал дрогата (кокаин и марихуана) од НН лица по потекло од Дебар и Гостивар и ја држел на безбедни локации во Прилеп, по што како мрежа на препродавачи ги организирал Д.К., Ф.З., Х.С., В.Н., А.М. и А.И., кои ја продавале дрогата, воспоставувајќи контакти со заинтересирани купувачи од Прилеп, Битола, Кавадарци, Неготино и Велес, со кои откако ќе се договореле за видот, количината и цената, го известувале М.С. кој им ја давал потребната количина. Дрогата ја продавале за сума од 500 до 800 денари за грам марихуана и од 4.000 до 6.000 денари за грам кокаин, а парите од продажбата му ги давале на М.С.., кој како награда им давал дел од парите, кои подоцна ги употребувале за купување на движен и недвижен имот.

    Во временскиот период од 2025 до 2026 година Н.В., М.И., Б.И. (се наоѓа во притвор во Франција за кривично дело од чл.215 од КЗ), М.С. и Т.Д. прибавените парични средства за кои знаеле дека потекнуваат од извршување на кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, со намера да го прикријат понатамошното движење и локација на парите, истите ги внесувале во легалниот платен промет, откако претходно ќе ги примиле понатаму ги пуштале во оптек и тоа парични средства во вкупен износ од 4.990.270 денари и 64.670 евра.

    Прочитај повеќе

    Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје

    22.10.2026 во 18:13

    Малолетничка претепана во сендвичара во Скопје

    22.10.2026 во 16:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.