(ФОТО) Министерката Петровска се сретна со новата амбасадорка Агелер - оценете го стилот на двете дами

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска на армискиот полигон „Криволак“ имаше прва средба со новопоставената амабсадорка на САД во земјава, Анџела Агелер.

Како што истакна министерката Петровска, оваа прва средба се реализира на „Криволак“, затоа што, според неа, развојот на полигонот е најдобар пример за интензитетот на заедничката соработка, за посветеноста на развојот на одбранбените односи, заедничкиот развој на вооружените сили на двете држави и развојот на интероперабилноста во НАТО.

Двете дами си имаат посебен стил на облекување. Новата амбасадорка на САД во земјава, се одлучи да се појави во минималистичка црно-бела комбинација. Одлучи „да игра на сигурно“. Многу жени го користат овој трик во секојдневието, нема никаква утка во црно-бела модна комбинација. Агелер носеше бела кошула, во комбинација со црни панталони и сако. 

Додека пак министерката Петровска одлучи да си поигра со боите. На овој настан се појави во црни панталони, кафен капут и светла блуза со шари во различни бои. Изгледот го надополни со часовник.

Оценете го Вие изгледот на двете дами за овој настан. 

 

10.11.2022 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега