ФОТО: Mицкоски се потпиша за кандидатурата на Силјановска-Давкова

Првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го даде својот потпис за кандидатката за претседател од неговата партија, Гордана Силјановска Давкова.

Потоа кажа дека ова е историски ден.

-Од оној пресек кој што го добивме некаде околу 12 часот, можеме да заклучиме дека до тогаш се собрани во насока на поддршка за идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова повеќе од 15.000 потписи. Додека пак би рекол условно кажано за противкандидатот некаде околу 7500 потписи се собрани. Очекуваме до крајот на денот да се соберат навистина огромна бројка на потписи до сега не забележана во македонската историја за само еден ден во знак на поддршка на еден од кандидатите во случајот идниот претседател на Македонија, тоа е Гордана Силјаноска Давкова, рече Мицкоски.

 

03.03.2024 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега