Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оствари директна тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, во рамки на официјалната посета на високата хрватска делегација на земјава.

На средбата, која поминала во пријатна и конструктивна атмосфера, двајцата премиери разговарале за клучните прашања од билатерален интерес, со посебен акцент на економските и политичките врски меѓу Скопје и Загреб.

За деталите од состанокот, премиерот Мицкоски информираше преку социјалните мрежи:

„Имав чест да остварам тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Во пријатна и конструктивна атмосфера разговаравме за продлабочување на соработката помеѓу двете држави регионалната стабилност, европската перспектива и заедничките предизвици.“

Двете страни на средбата ја потврдија цврстата заложба за унапредување на регионалната стабилност, како и континуираната поддршка што Хрватска ќе ја обезбеди на македонскиот пат кон евроинтеграциите.

Exit mobile version