Македонскиот пејач Драган Величковски – Тајзи објави дека му се родил син.
-Ова е најубавиот ден во нашите животи. Среќата навистина се крие во малите нешта – во еден поглед, еден допир и едно мало срце што ни го промени целиот свет.
Ти благодариме Боже, за најубавиот подарок што можевме да го добиеме.
Бев присутен на породувањето и сега знам зошто мајките се најсилните суштества на овој свет. Ангела, ти се восхитувам повеќе од кога било.
А тебе сине Захариј, ти ветуваме дека цел живот ќе бидеме твоето засолниште, твојата поддршка и твојот дом, напиша тој.
