(ФОТО) Кристина Димитри во провокативна поза со водителот од Канал 5 ТВ

Македонската пејачка Кристина Димитри не престанува да приредува изненадувања на своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. Овојпат објавувајќи фотографија заедно со водителот на емисијата „G Carpet“, Мирослав Кацаров од Канал 5 ТВ даде нова тема за озборување на македонската јавност.

Имено, пејачката објави заедничка провокативна фотографија со водителот Кацаров. Додека водителот удобно сместен на креветот се смешка кон камерата, Димитри својата штикла ја протна меѓу неговите нозе. 

„Си одговараме реално“, напиша Димитри во описот на објавените фотографии.

Инаку, откако Ведрана, поранешната водителка на емисијата „G Carpet“ ја напушти новинарската професија и реши да се занимава исклучиво со маркетинг продукција, во оваа емисија секоја недела покрај Кацаров, во улога на водител се реализираат пејач/ки и познати имиња од македонската естрада. 

15.02.2023 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега