(ФОТО) Крис Еванс прогласен за најсекси маж на светот

Актерот од „Капетан Америка“, Крис Еванс, е најсекси маж на светот за 2022 година, според изборот на магазинот „Пипл“.

Веста беше објавена во понеделникот, една година откако неговиот колега од „Марвел“, Пол Рад, ја доби титулата.Еванс, кој има 41 година и е сингл, рече дека оваа титула ја чувствува како чудна форма на скромно фалење.

Сепак, тој едвај дочекал да ја сподели веста со неговата најголема обожавателка – неговата мајка.

„Мајка ми ќе биде многу среќна“, изјави Еванс во интервју за „Пипл“. „Таа е горда на сè што правам, но ова е нешто со што навистина може да се пофали“.

Популарноста на Еванс растеше со текот на годините од улогата во една од неговите први телевизиски серии, Opposite Sex („Спротивниот пол“) во 2000 година до портретирањето на Стив Роџерс/Капетан Америка.И покрај многубројните холивудски признанија, ѕвездата на „Сивиот човек“ има аспирации надвор од актерството, а кои вклучуваат брак и татковство.

„Тоа е апсолутно нешто што посакувам,“ рече тој во една прилика.

08.11.2022 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега