Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Кисела Вода доби нова спортска зона, прва ваква во населбата – Ново место за спорт и рекреација

    ФОТО: Кисела Вода доби нова спортска зона, прва ваква во населбата – Ново место за спорт и рекреација

    17.07.2026 во 10:542 Mins Read
    Бети Стаменкоска-Трајкоска, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, објави за нова спортска зона во населбата – калистеник парк и терен за одбојка на песок.

    -Општина Кисела Вода го доби првиот калистеник парк и терен за одбојка на песок. Особено ме радува што уште еден простор во нашата општина добива целосно нов лик и станува центар за собирање на младите и љубителите на спортот.

    Новата спортска зона е лоцирана во населбата 11 Октомври Бараки, во непосредна близина на Паркот на шахот.

    Калистеник паркот се простира на површина од 380 квадратни метри и е наменет за физичка активност преку вежби со сопствената телесна тежина. Опремен е со вратило, разбој, паралелки и шведски скали, кои се идеални за развој на силата и флексибилностa.

    Одбојкарскиот терен на песок располага со мрежа поставена на универзална висина, исполнувајќи ги сите стандарди за одржување на спортски натпревари и квалитетна рекреација.

    Комплексот е осветлен со рефлектори, со што овозможивме непречено користење на сите спортски содржини и во вечерните часови.

    Со успешната реализација на овој проект, уште еднаш ги потврдуваме нашите заложби за континуирано вложување во спортската инфраструктура.

    Продолжуваме да создаваме современи услови за активен живот на сите генерации.

    Ваш нов простор за нови пријателства и здрави навики!, напиша Трајкоска на Фејсбук.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница

    06.10.2026 во 11:37

    Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче

    06.10.2026 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.