(ФОТО) Хаос на концертот на Лепа Брена - се онесвестиле пензионери, интервенирала брзата помош

Музичката ѕвезда Лепа Брена, одржа два концерта во градот Неделишче во Хрватска, во рамките на манифестацијата „Месап есен 2022“, а многу фанови дојдоа да ја слушнат и видат.

Салата била преполна, но поради проблеми со звукот, посетителите не можеле добро да ја слушнат, па Брена се обиде да го реши проблемот, но не успеа.

На концертите на Брена присуствувале бројни генерации, деца, тинејџери, нивните родители, баби, дедовци.

Според медиумите, во нејзините песни уживале и голем број пензионери, при што реагирала и брзата помош.

Шест пензионери паднале во несвест, додека еден ја прескокнал оградата и се качил на бината. Обезбедувањето реагирало, но Брена побарала да го остават на бината и внимателно ја гледал музичката ѕвезда и уживал во нејзиниот концерт.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

28.11.2022 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега