Пејачот и автор Елвир Мекиќ преку социјалните мрежи се прости од својот брат Елвис Мекиќ, кој ненадејно почина на 18 август.

Мекиќ ја објави посмртницата за својот брат на својот профил на Инстаграм, информирајќи ги пријателите и почитувачите за детали околу последното испраќање.

Според објавените информации во посмртницата, погребот на Елвис Мекиќ ќе се изврши денеска, на 19 август, на старите гробишта во Батинци.

Џеназа-намазот е закажан по пладневната молитва, со почеток во 13 часот, пред Санџак џамијата во селото Љубош.

Веста за ненадејната смрт предизвика бројни изрази на сочувство од пријателите, соработниците и јавноста до семејството Мекиќ.

Exit mobile version