(ФОТО) Додека ги чекал Ковачевски и Рама си се замрсил - Вучиќ си се нагости со пиротска колбасица

Белград отсекогаш бил престолнина на големото срце, искреното гостопримство и добрата храна, напишал синоќа на својот Инстаграм профил српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Чекајќи ги пријателите и премиери на Албанија Еди Рама и Северна Македонија Димитар Ковачевски, морав да ја пробам пегланата пиротска колбасица… веќе се подготвуваме за големиот саем за вино и храна следната година во Белград“, напишал српски претседател во описот на фотографијата.

Вчера во главниот град на Србија се одржа Конференцијата за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, во организација на Вучиќ и амбасадата на Кралството Норвешка, на која присуствуваа лидерите на земјите од Западен Балкан.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

18.11.2022 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа