ФОТО: Антониа Гиговска се повлекува од музичката сцена

 

Антониа Гиговска откако остана бремен им најави на своите фанови дека се повлекува од сцената и настапите на одреден период и ќе оди на заслужен одмор.

Таа  ги информираше своите следбеници на социјалните мрежи и истакна дека сепак за тоа време ќе прави нова музика за која се надева ќе им се допадне на сите.

„Драги мои, сакам да ве известам дека Антониа оди на заслужен одмор неколку месеци. Дојде моментот кога сакам малку да се опуштам и да се посветам на себе и она што доаѓа. Тоа значи дека нема да настапувам еден период, ама затоа пак ќе се “затворам” во студио и ќе работам на моите нови песни. Едвај чекам повторно да се дружиме на настапите, а до тогаш слушајте ја мојата музика и уживајте. Којзнае колку ќе ми недостигате,

Наскоро ќе ја видите новата Антониа.
Јас мислам дека ќе ви се допадне.

Последни 2 настапи се:

18.2 / Club Space / Kumanovo
25.2 / Club De Facto / Gevgelija

Ве чекам и ве сакам!"- стои во нејзината објава.

16.02.2023 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега