Close Menu
Press24
    Најново

    АХВ: Заловеното животно е волк

    13.05.2026 во 18:42

    Маж тешко повреден при пад од висина во Кочани

    13.05.2026 во 18:34

    Драма на крузер закотвен во Франција – избувна нова епидемија

    13.05.2026 во 18:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • АХВ: Заловеното животно е волк
    • Маж тешко повреден при пад од висина во Кочани
    • Драма на крузер закотвен во Франција – избувна нова епидемија
    • Проверките завршија – заловеното животно во Козле е волк
    • Обвинителство: Премиерот вчера првпат му се јави на Савевски
    • Филков: Итно да се преиспита одлуката за стопирање на истрагата за набавка на мазут
    • Министерството за култура: Парите за самостојните уметници за 2026 ќе бидат на нивните сметки утре
    • Ристески: Со СДС студентските домови пропаднаа, ние целосно ќе ги обновиме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: 100-процентен воен инвалид повеќе од 15 години чека одговор каде да живее

    ФОТО: 100-процентен воен инвалид повеќе од 15 години чека одговор каде да живее

    24.04.2026 во 16:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лице со 100-процентен воен инвалидитет, корисник на постојана нега и помош, со семејство и малолетни деца, повеќе од 15 години чека Комисијата за станбени прашања при Владата да одлучи за неговото барање за безбедно и трајно сместување.

    Случајот го води и Народниот правобранител, кој во најновиот извештај ја нотирал негрижата на оваа владина комисија.


    „Комисијата најчесто доставува формални одговори дека барањата сé уште не се разгледани, односно дека ќе бидат разгледани на некоја од нејзините наредни седници“, стои во извештајот на Омбудсманот. Сопругата на воениот инвалид вели дека постапката трае со години, со повеќе барања, дополнувања и ургенции.

    „Значи, станува збор за континуиран предмет што трае најмалку од 2010 година, а суштински проблемот со привременото и несоодветно сместување датира уште од 2003/2008 година“, вели соговорничката.

    Во 2003 година, наместо соодветен стан, на лицето му бил доделен привремен монтажен објект, барака од 36 квадратни метри. По поплавата во 2008 година, објектот станал руиниран, небезбеден и невселив.

    „И самото Акционерско друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (познато како ПУИГ), во годините наназад писмено потврдило дека објектот е ‘запуштен, руиниран и невселив’, а во март 2026 година со теренски записник повторно е констатирано дека објектот е запуштен, со искршени прозорци, обраснат со трева и без услови за живот“, вели сопругата.


    Државниот управен инспекторат на 23 февруари 2026 година службено утврдил дека Комисијата не постапила и дека предметот не бил ставен на дневен ред. Сепак, наместо конечно решение, семејството добило само известување за статус.

    „Со други зборови, и покрај комплетираниот предмет и официјалниот инспекциски наод, сè уште нема конечен, писмен и образложен акт“, револтирана е сопругата. Таа предупредува дека станува збор за долгогодишен институционален молк кон лице со 100-процентен воен инвалидитет.

    „Идентитетот на лицето свесно не се објавува јавно, поради семејни, здравствени и безбедносни причини“, вели сопругата.

    Прочитај повеќе

    АХВ: Заловеното животно е волк

    13.05.2026 во 18:42

    Маж тешко повреден при пад од висина во Кочани

    13.05.2026 во 18:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.