Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од 1 септември промени во правилата за паркинг на аеродромот во Скопје
    • Нафтата поевтинува, растат надежите за Ормускиот Теснец
    • Постојано се вљубуваат во погрешни – три хороскопски знаци не учат од лошите искуства
    • Три часа 23 луѓе виселе заглавени на рингишпил во Хамбург
    • ТОП10 најбогати пратеници во Македонија – двајца се веќе милионери
    • Утре одиме во портокалова фаза: Уште еден пеколен ден – попладне може и да заврне
    • Зимата ќе биде студена: Европа се најниски резерви на гас во последните 13 години
    • Скопје и Белград утре го потпишуваат договорот за гасовод
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Финансии: Исполнети осум чекори од Реформската агенда, обезбедени 142 милиони евра

    Финансии: Исполнети осум чекори од Реформската агенда, обезбедени 142 милиони евра

    01.07.2026 во 09:331 Min Read
    Министерство за Финансии
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на Реформската агенда 2024–2027, со фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии. Реформите се оценети како клучни за зајакнување на капацитетите на државата за ефикасно користење и управување со средства од Европската Унија.

    Од Министерството информираат дека се исполнети осум чекори од вкупно 22, што резултираше со одобрување на 142,1 милион евра во рамки на Реформската агенда.

    На работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека Инструментот за реформи и раст е клучен за зајакнување на институциите, подобро управување и забрзување на европскиот пат на државата.

    Во рамки на реформите е постигнат напредок во јавната внатрешна финансиска контрола, јавните набавки и управувањето со јавните инвестиции, вклучително и усогласување со ЕУ стандарди и зголемена транспарентност.

    Исто така, донесени се сите 17 подзаконски акти од Законот за буџети, воспоставен е регистар на јавни субјекти, а бројот на примарни буџетски корисници е намален од 85 на 35.

    Министерството за финансии најавува продолжување на реформите, со фокус на поддршка на мали и средни претпријатија, подобрување на деловното опкружување и поефикасно користење на европските фондови.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Мемов бара нов модел за здравственото осигурување на пензионерите – сега не чинат 220 милиони евра годишно

    26.08.2026 во 20:02

    KAM исплаќа 850 евра за К15 за своите вработени

    26.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.